Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку решението што ќе биде доставено на владина седница ќе содржи два дела.
Според него, студентите ќе можат делот од испитот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование. Во Македонија, како што посочи, високообразовни студии се одржуваат на албански, турски и англиски јазик.
