Фајзер“ ќе биде доволно добра за да го спречи создавањето на мутации, бидејќи се утрвди дека создава доста јак имунитет кој е потребен за создавање на овој колективен имунитет кој ќе нѐ заштити сите.
– Се утврди дека „Фајзер“ создава доста јак имунитет кој е потребен за создавање на овој колективен имунитет кој ќе нѐ заштити сите. Токму оваа „Фајзер“ ќе биде доволно добра за да го спречи создавањето на мутации. Таа создава т.н селективен имунитет кон конкретниот проблем – Ковид-19 и заради тоа е препорачана и кај децата и не предизвикува никакви нус-реакции, изјави директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова за ТВ Алфа.
„Децата да не бидат изземени бидејќи тие како носители на одредена варијација, можат повторно да направат одредена мутација, која не верувам дека ќе нѐ чини пак лесно“, тврди Софијанова.
Според неа, интересот кај родителите е голем и тие постојано се распрашуваат за можноста на вакцинирање на децата од 12 до 16 години.
– Морам да ви кажам дека во последниот период сум зачудена колку ме прашуваат и сакат да знаат родителите за најдоброто за нивните деца. Не смееме да ја игнорираме и таа адолесцентна категорија, изјави таа.