Новинарот Љупчо Златев на гостинот Зафировски му постави повеќе прашање околу Ковид-19, а едно од нив беше како децата се справуваат со Ковид-19, и дали е задоцнета одлката за тоа што детската болница Козле дури сега пред извесно време почна да прима пациенти заразени од овој вирус.

– Далеку сме ние од добри одлука. Ние касниме. Гледаме да помогнеме на што повеќе луѓе и тие да не ја плаќаат оваа погрешна политика, вели Д-р Зафировски.

Тој додава дека 14 месеци се доцни со мерките.

– Би ги повикал сите политичари да поминат барем еден до два дена со болните од Ковид, да видат како е. Едно е кога гледате на ТВ, едно е кога слушате статистика, а друго е кога ќе доживеете лична судбина која ја гледате пред вашите очи, вели тој.