Во обраќање во Општина Конче, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека локалните избори се момент за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, но и за испраќање силна политичка порака.
„Јас сакам неколку работи да потенцирам коишто ценам и мислам дека се многу важни, првата работа е дека секогаш кога имаме кампања за локални избори зборуваме за локални проекти, локални проблеми. Често зборуваме за улици, булевари, патчиња, паркови, зелени површини….зборуваме за нешто што претставува реален локален проблем,“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека сегашниот градоначалник на Конче нема сериозен противкандидат.
„Јас сум сигурен дека тука нема некој кој што може да му се спротистави на сегашниот градоначалник и убеден сум дека со досегашната работа тој покажа и докажа дека и во следниот четиригодишен мандат негов приоритет ќе бидат проектите за жителите на Општина Конче. Но секој избори се можност, покрај проблемите за коишто сега разговараме, коишто треба да имаат свое решение, се исто така можност да испратиме политичка порака,“ истакна тој.
Мицкоски додаде дека изборите се клучни за идната насока на државата.
„Тој рече дека многу е важно во изборниот процес таа политичка порака да ја детерминира патеката по која чекориме во наредните години.“
Во продолжение, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја насочи критиката кон СДСМ и ДУИ.
„Сите оние политички партии во минатото, а посебно претходната влада, тука мислам на СДСМ и ДУИ и нивното раководство со гласањето на 19 октомври да ги испратиме во политичка пензија. Да испратиме силна политичка порака дека корумпираните политичари се минато-завршено време. Дека тие повеќе немаат кредибилитет ниту пак треба да им дадеме шанса да можат повторно да манипулираат и да се дограбат до власт за да може вас граѓаните да ве пљачкосуваат, а истовремено Македонија да ја понужуваат и омаловажуваат,“ потенцираше Мицкоски.