Град Скопје и Општина Гази Баба ги известува граѓаните дека на 06.08.2026 година (четврток), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари.

За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин.

Работите се реализираат во координација со СВР Скопје и ЈСП Скопје со цел нивно безбедно и ефикасно спроведување.

Град Скопје ги замолува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на полициските службеници, како и навремено да ги планираат своите патувања.