Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го оквалификува убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец синоќа во Лозница како – терористички напад на албански структури од Косово.
Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер
Дачиќ за РТС изјави дека се утврдува дали напаѓачот е човекот чија лична карта и пасош биле пронајдени во автомобилот или е неговиот брат кој избегал од затвор во Косово на 6 јули.
„Тој ги уби полицајците, го изврши овој очигледен терористички чин кој доаѓа од Косово и Метохија од страна на албанските структури. Ова не може да биде случајност и затоа Обвинителството за организиран криминал ќе се занимава со овој случај, бидејќи станува збор за напад на полицаец на должност“, рече Дачиќ.