Јасно е дека сме далеку од демократија во Македонија, кога дури и во 21 век мизогенијата како однос заснован врз омраза и идејата дека жените се инфериорни поради нивниот пол е начин на живот на одредени луѓе, пишува на фејсбук, Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.
-Индивидуалните изливи на мизогенија можеби делуваат бенигно, но имаат тенденција да создадат опкружување базирано на заплашување, страв и несигурност, со цел општо прифаќање дека е оправдано насилството врз жените. Истите тие луѓе што вербално напаѓаат жени, немаат храброст да го сторат истото кога имаат наспроти себе маж, што кажува многу за нив нели?
👑 Јасно е дека сме далеку од демократија во Македонија, кога дури и во 21 век мизогенијата како однос заснован врз…
Posted by Danela Arsovska on Saturday, July 3, 2021