Бугарија истиот ден ќе го одржи и првиот круг од редовните претседателски избори.

Радев, кој се кандидира за реизбор, рече дека „двојното“ гласање ќе им заштеди време и пари на даночните обврзници во најсиромашната земја-членка на Европската Унија.

„Очигледно е дека двете кампањи ќе се одвиваат истовремено и ќе се спојат. Ќе сметам на поддршката на сите угледни Бугари за големите прашања – борбата против сиромаштијата и неправдата“, рече Радев за новинарите.

Гласањето во ноември ќе биде трето парламентарно гласање оваа година по изборите во април и јули, по што партиите не успеаја да формираат влада.

Партијата против естаблишментот Постои таков народ (ИТН), предводена од популарниот ТВ-водител и пејач Слави Трифонов, тесно победи на изборите на 11 јули со ветувања дека ќе се справи со раширената корупција, но не успеа да ја добие поддршката од помалите партии за формирање влада.

Уште двата обиди за формирање влада исто така беа неуспешни.