Меколи Калкин, детето-ѕвезда на првите два филма од серијалот „Сам дома“, наводно, разговарал со „Дизни“ за можно враќање во приказната.
Според наводите што новинарот Мет Белони ги објави во својот подкаст, продукциската куќа е заинтересирана за американскиот глумец како Кевин Мекалистер кој сега е родител. Според замислата претходно претставена од самиот Калкин, навестеното продолжение би го следело возрасниот Кевин кој се соочува со проблеми во односите со својот палав, но досетлив и исто толку оригинален син.
