Според најавата од Собранието во известувањето за пратениците стои дека денеска се доставени предлог закони за измена/дополна на Законот за минерални суровини, за парнична постапка, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци како и предлог законите за исплата на паричен надомест на жртви од кривични дела со насилство, за измена/дополна на Законот за иновациска дејност, за Академијата за судии и јавни обвинители.
На сето ова денеска е составен и владиниот предлог закон за лекови.
Засега се уште не е познато колку од овие закони кои се предлагаат среде лето во “глуво” време додека сите се на одмор се со таканаречено европско знаменце односно со забрзана постапка која не може да биде спречена од опозицијата.