Тој вели дека денес направи увид на неколку гласачки места во Скопје и утврдил дека има сериозен проблем со метежот.

Ова се наметнува како проблем иако не е проблем, да се пуштат повеќе гласачи колку што има гласачки кутии во избирачкото место за процесот на гласање да оди брзо. Мислам дека веќе е испратен допис од кај нас до сите. Сметам дека вака ќе оди побрзо бидејќи тоа е ковид – мерката, да не се прави метеж. Всушност метежот се прави во ходниците, можеби и некој друг видел дека се создава таков метеж, Тоа е поради ковид – мерките. Се надевам дека со овој наш допис, како тече денот на гласање, ќе се намали овој проблем и гласањето ќе тече регуларно. Ги охрабрувам граѓаните да излезат и го дадат својот глас“, рече претседателот Даштевски.