– Исто така во текот на изборниот процес на повеќе избирачки места се забележани и проблеми со апаратите за земање на отпечаток од прст. Имено, станува збор за два конкретни проблеми: Кај дел од апаратите не може да се испринта потребната листа за старт на гласањето, додека кај другите е забележана неможност да се отчитаат биометриските податоци од прст. Поради сето ова забележани се недоразбирања и помали гужви пред избирачките места, се наведува во нивното соопштение.

Од „Излези и гласај“  ги повикуваат надлежните институции задолжени за спроведување на изборите, а секако и органот задолжен за спроведување на законите да си ги вршат во целост своите должности и овластувања.

– Воедно, ги охрабруваме граѓаните, сите евентуални нерегуларности да ги пријават кај надлежните државни органи или во нашата организација на следната електронска пошта: izlezidaglasas2021@gmail.com, со цел обезбедување на достоинствен демократски процес на изразување на волјата на граѓаните. На крајот, ги повикуваме граѓаните да го искористат своето уставно загарантирано право на глас и со своето учество да му дадат легитимитет на овој изборен процес, со цел демократски избор на локална власт, порачуваат тие.