По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, објави Канал 5 телевизија
По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо кој беше баран со меѓународна потерница за настаните со упадот во Собранието од 27 април. Тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција.