Дејан Георгиевски овој месец испиша историја откако обезбеди норма за Олимписките игри во Токио со одлично издание на квалификацискиот турнир во Софија.

Попладнево пристигна и информација дека тој ќе ја предводи македонската делгација на Далечниот Исток и ќе биде знаменосец. Ова на социјалните мрежи го откри Дарко Костовски, тренер во клубот „Бутел“.

„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“ – напиша Дарко Костовски.

Дејан Георгиевски е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, по борачот Могамедгаџи Нуров.