Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во скопската општина Аеродром.
– Голема победа во Аеродром со 18.000 гласа. Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме! – порача тој пред малку на социјалните мрежи.
