Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска дел од корисниците во општина Сопиште ќе останат без струја.
Според известувањето, во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на селото Горно Соње.
Прекинот е со цел подобрување на квалитетот на услугата и безбедно извршување на планираните работи на мрежата.
