На градските гробишта во Бутел, денеска (26.07.2022 година, вторник), положија цвеќиња домашни и странски делегации, во чест на загинатите пред споменикот од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во земјотресот што се што се случи пред 59 години, животот го загубија 1070 наши сограѓањи, а 3000 беа повредени.
Традиционално на споменикот, венец положи делегација на Град Скопје, предводена од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како и делегација од Советот на Град Скопје.
Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје во далечната 1963 година, дадоа и делегаци од претставници од политичките партии во Република Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, како и граѓани.
Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од дипломатските претставништва на многу земји акредитирани во државава.