Денеска во Косово е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., што се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

Кучи бил фатен од косовската полиција во меѓународна акција насочена против недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За него биле распишани централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен, И.С., сѐ уште се трага.

Во престрелката што се случи вечерта на 6 септември, Кучи и И.С. се сомневаат дека пукале кон група лица. Во тој инцидент животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.