Делови од Аеродром, Кисела Вода и Студеничани утре ќе останат без струја
Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на информациите добиени од „ЕВН Македонија“ АД, соопшти дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Студеничани.
Општина Студеничани
Од 09:00 до 12:00 часот – без струја ќе бидат дел од корисниците во населба Морани.
Општина Аеродром
Од 09:00 до 13:00 часот – без струја ќе бидат дел од улицата „Архитект Сотир Томовски“, како и дел околу улицата „Ѓорѓи Андреевски Кун“.
Општина Кисела Вода
Од 09:00 до 13:00 часот – без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Ѓоро Малешевец“.
Од „ЕВН Македонија“ со молба до граѓаните своите обврски соодветно на најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.