Осум лица се ранети во областа Тургутлу во Маниса, Турција, откако утрово во 8:00 часот непознато лице отворило оган пред стручното и техничко училиште „Тургутлу Инџи Узмез“ (Turgutlu İnci Üzmez), соопшти Канцеларијата на гувернерот на Маниса. Во соопштението се наведува дека по пријавата за пукањето, на местото на настанот биле испратени бројни полициски и медицински екипи, а полицијата го привела напаѓачот, пренесува „Хуриет“ (Hürriyet).
Ранетите биле пренесени со возила на брза помош во Државната болница во Тургутлу. На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот оди по улицата со пушка во раката, а потоа брзо бега од местото на настанот заедно со оружјето.
По вооружениот напад во училиштето во Маниса, на местото почнале да пристигнуваат вознемирени родители, додека полицајците се обидувале да ја смират толпата и да ја стават ситуацијата под контрола. На местото на настанот е присутен голем број припадници на безбедносните служби, а родителите се обидуваат да добијат информации за своите деца. Првичните извештаи укажуваат дека се ранети осум лица, од кои едно е во критична состојба.
Во соопштението објавено на социјалната мрежа NSosjal, RTUK нагласи дека настанот во населбата Тургутлу се следи со посебно внимание и повика на потпирање исклучиво на официјални изјави:
„Во овој контекст, со цел да се спречи ширењето на дезинформации и да се спроведе непречено истрагата, потребно е исклучиво да се потпреме на изјавите на надлежните официјални органи, да не споделуваме снимки и содржини со елементи на насилство, трауматски, застрашувачки и содржини што можат да предизвикаат хаос, кои беа создадени во времето на настанот, да не објавуваме непотврдени шпекулативни информации што би можеле да предизвикаат јавно негодување и да ја почитуваме приватноста на учениците, семејствата и образовната заедница во најголема можна мера. Со почит ја известуваме јавноста дека Врховниот совет итно ќе го започне процесот на законски санкции во случај на какво било емитување на содржини што би ги нарушиле нашите општествени чувствителности и би поттикнале насилство.“
Полицијата го обезбеди просторот околу училиштето и се обидува да спречи понатамошна паника меѓу родителите и граѓаните кои се собраа по инцидентот.
🔴Unknown gunman opens fire near Turkish school, four students injured
An unidentified gunman opened fire near İnci Üzmez Vocational and Technical High School in Turgutlu, Manisa Province.
According to preliminary reports, four students were injured in the attack. The gunman… pic.twitter.com/aZusrqoauu
— The Caspian Post (@thecaspianpost) September 22, 2026
