Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 07.06.2023 година (среда):
Поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на ул. Волгоградска бр. 7, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Волгоградска, Желево и Невенска. (Општина Карпош)
Поради отстранување појавен дефект на приклучна водоводна цевка на ул. Никола Тримпаре бб, од 09:00 до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Аминта Трети ( Ленинова ), Дебарца, Никола Тримпаре, Коста Кирков и Борка Талевски. (Општина Центар)