Планирани зафати на електродистрибутивната мрежа

Делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, информацијата е добиена врз основа на известување од ЕВН Македонија.

Најдолг прекин во Аеродром

Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“.

Во општина Гази Баба, прекин во снабдувањето со струја од 08:30 до 14:30 часот ќе имаат дел од корисниците на улицата „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ „Напредок“, сендвичарата „Хит“, како и објектите од местото викано Триангла до надвозникот кон Ченто.

Исклучувања и во Карпош и Ѓорче Петров

Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите на улицата „Вангел Динуи“ и дел од непарните броеви на улицата „Франце Прешерн“.

Во општина Ѓорче Петров, прекин на електричната енергија од 09:30 до 14:30 часот е најавен за дел од улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“.