Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 26.08.2022 година (петок ), без електрична енергија ќе останат следните корисници:

-Од 08:30 до 15:30 часот  корисниците  од  стопанските и нестопанските објекти во реонот на селата: Дељадровци, Миладиновци  и  Текија.  (Општина Петровец)

-Од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Козара на потегот помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Шарски Ордед. (Општина Центар)

-Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 87. (Општина Карпош)

-Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: Веле Марков , Воин Драшкоци и Ибе Паликуќа.  (Општина Ѓорче Петров)

Регионалниот центар за управување со кризи на  Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација  – Скопје,   ги известува граѓаните дека на ден 26.08.2022 година (петок),

-Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм, на крстосницата од улиците Дебарца и Борка Талевски, од 09:00 часот до завршување со работните активности,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Дебарца, Борка Талевски,  Никола Тримпаре и Коста Кирков.  (Општина Центар)

-Поради стопирање на стара водоводна мрежа  со пречник од ф-1 цол на ул.Анкарска  бр. 16, од 09:00 часот до завршување со работните активности,   прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел  од улиците: Анкарска  и Атинска.  (Општина Карпош)