Во претходните седум дена, уште 13 земји го информираа СЗО за присуство на делта мутацијата.

Експертите тврдат дека делта сојот брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите варијанти, а потоа ќе стане доминантна мутација на Ковид-19 во следните години.

СЗО е загрижен за ширењето на сите четири видови.

Алфа сојот, кој е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, беше регистриран во 180 земји.

Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е откриен во 78 земји.