Се чини, вели тој, дека овој вид не се придржува на сезонскиот ефект, па затоа е поотпорен на топлина и 60 проценти повеќе заразен.
– Овој вирус може делумно да го уништи нашето лето, рече Новотни, предупредувајќи дека има премалку податоци за новиот вид.
Вирусологот изрази загриженост дека бројот на непознати случаи на инфекција е релативно голем и подвлече дека овој вид веќе се шири низ цела Европа.
– Најдобрата стратегија во борбата против новиот вид е брза вакцинација, смета Новотни.
Тој додаде дека постојат јасни индикации дека се заштитени целосно имунизираните лица.
– Проблемот е што сè уште има толку многу луѓе кои не се целосно имунизирани, рече тој, додавајќи дека треба да се направат повеќе тестови за ПЦР, бидејќи тие се попрецизни од антигеничните.
Новотни ја повика австриската влада уште еднаш да размисли за најавата за ново ослободување на мерките, што ќе овозможи одржување на поголеми собири.