Не е тајна дека на скопската општина Аеродром и се потребни нови градинки. Стотици деца се на листа на чекање за упис во градинка и нивните родители очајно се обидуваат да најдат решение некој да ги чува нивните деца додека тие се на работа.
Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, соочен со бројните критики на темата, побара од советниците да му одобрат да издаде обврзница од нешто над 5 милиони евра, со која би изградил нови градинки.
Од општината велат дека со овие 5 милиони евра, практично ќе го решат проблемот со градинките, но ќе решат и други значајни инфраструктурни потреби на општината.
-Зелената обврзница е за реализација на проекти, како нови градинки, улици и други инвестиции кои носат промени и подобар живот. – соопштенија тогаш од ВМРО ДПМНЕ, партија која го има градоначалникот и мнозинството во Аеродром.
Обврзниците се дефинитивно најбезбеден и најефтин начин за финансирање на ваквите проекти затоа што општината ги издава под свои услови и каматна стапка која се формира конкурентно на пазарот. Секој граѓанин или компанија може да купи обврзница и на таков начин да ги штеди своите пари.
Сепак, партиите Левица и СДСМ гласаа против оваа мерка, со некакви образложенија дека на општината не и требаат нови училишта и градинки.
Најрадикални беа од Левица, кои говореа за некакво должничко ропство во кое Муцунски сакал да ја внесе општина Аеродром.
-Тимчо Муцунски ќе влезе во идната 2023-та година во должничко ропство со скапи кредити кај лихвобанкарите. – стои во соопштението на Левица за овој случај.
За вистинските левичари вистинско чудо е тоа што во Град Скопје, каде Левица е дел од владејачката коалиција заедно со градоначалничката Данела Арсовска, СДСМ и ДУИ, за нив лихвоанкарите веќе не претставуваат проблем!
Имено, Левица гласаше “За”, предлогот на градоначалничката Данела Арсовска да земе кредит од 10 милиони евра од некоја од приватните банки во земјата. За разлика од претходниот случај, парите нема да се трошат продуктивно затоа што се за набавка на нови автобуси, иако има стотици на располагање во приватните компании, кои не се користат само затоа што Арсовска не сака да им плати на превозниците.
Обврзницата во Општина Аеродром, која Левица не ја гласаше, може да ја купат банки, но и компании и приватни лица. Всушност, може да ја купи секој оној кој ќе понуди најниска камата. Кредитот за кој гласаше Левица може да го издаде само некоја од големите приватни банки во земјава.
Со оглед на драстично дигнатите каматни стапки, банката која ќе го издаде кредитот ќе има огромен профит, што значи Левица гласаше за некоја од банките убаво да се омрси.
Сите левичарски партии во светот се залагаат и го застапуваат интересот на граѓаните наспроти интересот на банките. Еден од ретките примери во светски рамки е тоа што македонската политичка партија “Левица” изминатата недела гласаше “За” интересите на банките во еден случај и “Против” интересите на граѓаните во друг случај.
Подолго време низ скопската чаршија се шири муабетот дека откако на Левица и изгореа парите во Евростандард Банка, партијата се финансира преку илегални извори од Русија. Но, во последно време, оваа политичка партија врши и директни напади врз неколку приватни компании, според шпекулациите веројатно со цел да изнуди рекет.
Со самото тоа што Левица во советот на Град Скопје гласаше во интерес на банкарите и нивните профити, се отвора сомнеж дека Апасиев се фатил на оро и со крупните играчи во овој сектор.
До пред само некое време претседателот на партијата Левица Димитар Апасиев се возеше со точак, сега се вози со џип и со возач. Од каде му се парите?