Светот се солидаризираше со Русија. Страшни сцени ни доаѓаат од Русија каде денеска е ден на жалост. Според последните информации 133 лица загинаа, а над 150 се повредени. Знамињата се на пола копје. Во руските цркви се служи литургија во спомен на загинатите.
Откажани се сите манифестации
Сите федерални културни институции ги откажаа масовните и забавни настани, телевизиите ги сменија програмите и не емитуваат реклами. Спуштени се државните знамиња на сите државни институции.
Засилени безбедносни мерки
Воведени се засилени безбедносни мерки., откажан е пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Русија и Парагвај на 25 март и церемонијата за доделување на наградите на Здружението на филмски и телевизиски продуценти на 26 март.
6 години немало „Ден на жалост“ во Русија
Последен пат национална жалост во Русија беше прогласена на 28 март 2018 година, по пожарот во трговскиот и забавниот центар „Зимска цреша“ во Кемерово, каде загинаа 60 лица, меѓу кои 37 деца.
АНАЛИЗА: Бројката на загинати е речиси 100 – Како и зошто се случи терористичкиот напад?