Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурите ќе бидат под просекот и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 27 степени.
Денес и утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурите ќе бидат под просекот и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 22 степени.
Потоа од среда и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ се очекува поголемо затоплување на времето кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво, иако локално не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови.