Денес променливо време со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, проследено со локални поројни дождови и грмежи. На одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со обилен дожд над 15 литри на метар квадратен за краток временски период, како и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18, а максималните од 24 до 32 степени.

Временска прогноза за Скопје

Во главниот град се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината постојат услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Температурите во Скопје ќе се движат од минимални 16 до максимални 30 степени.

Стабилизација на времето од петок

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.