-Поради временските услови со чистење на речното корито продолжуваме на пролет, во оваа прилика би сакал да апелирам до сите граѓани да не фрлаат ѓубре во речното корито,

Серава и во оваа рана фаза на предвидениот проект има сосема нов изглед и добро е тоа да го зачуваме.

Општина Бутел во ново исчистениот дел во Радишани ќе пушти засилена контрола со комунални редари се со цел да ја заштитиме животната средина од загадување.

Потсетувам дека првата фаза за големиот проект Серава е чистење, понатака изградба на речно корито таму каде што е потребно и секако изградба на трим патека која граѓаните на општина Бутел ја чекаат со децении.

Ветеното го остваруваме, напиша на Фејсбук, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.