По пријава на граѓаните од населбата Скопје Север, општинските служби спроведоа акција за отстранување на незаконски поставените пречки на паркиралиштата. Екипите на Општина Бутел ги отстранија нелегално поставените метални блокатори и целосно ги ослободија узурпираните јавни паркинг-места.

Градоначалникот на Општина Бутел, Костовски, децидно порача дека со оваа интервенција се става крај на долгогодишната узурпација на јавниот простор во оваа скопска населба.

„Нема приватизација на јавни паркинзи. По пријава на граѓаните од Скопје Север, денес екипите на Општина Бутел ги отстранија нелегално поставените метални блокатори и ги ослободија узурпираните јавни паркинг-места“, истакна Костовски.

Костовски во својата реакција подвлече дека никој нема право да присвојува заеднички јавен простор на штета на останатите жители.

„Ред мора да има. Без исклучоци“, порача Костовски.