Унгарија нема да учествува во финансиска ниту воена поддршка за Украина, порача денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според него, ваквите чекори носат сериозен ризик од директна конфронтација со Русија и можат да ја вовлечат земјата во војна.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Орбан предупреди дека испраќањето помош не е само финансиско прашање, туку може да има далекусежни последици за унгарските граѓани.

„Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, напиша Орбан.

Тој нагласи дека Унгарија категорично го отфрла таквиот сценарио и нема намера да се приклучи на одлуки кои, според него, водат кон ескалација на конфликтот.

„Унгарија вели не“, порача премиерот, алудирајќи на позицијата на Будимпешта во рамките на меѓународните дискусии за поддршка на Киев.

Орбан со години води политика на воздржаност кон конфликтот во Украина, инсистирајќи на дипломатско решение и избегнување чекори што би можеле да ја нарушат безбедноста на неговата земја.