Управата за хидрометеоролошки работи нѐ информираше дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

„Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец“, се вели во соопштението на УХМР.

Според податоците на УХРМ минимална температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максимална температура од 26 до 36 степени.

За среда синоптичарите најавуваат сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 12 до 21 степени, а максимална температура од 28 до 36 степени.