Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

И во петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.