Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 36 години од основањето на Општинскиот комитет на партијата во општина Центар.

Осврнувајќи се на досегашното делување на комитетот, Мицкоски истакна дека изминатите три и пол децении биле обележани со бројни предизвици, политички борби, тешки периоди, но и со истрајност и заедништво.

Тој нагласи дека низ годините повеќе генерации членови и активисти дале свој придонес во развојот на партиската организација, изразувајќи верба во иднината на општина Центар и државата.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Мицкоски порача дека партијата продолжува обединета, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината.

– Пред нас се нови предизвици, нови успеси и уште многу работа за граѓаните на Центар. Со заедништво и посветеност ги градиме темелите за следните победи – напиша Мицкоски.