Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 дожд за 24 часа). Во јужните делови, каде се очекуваат сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 15 степени.