Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=7

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено до пладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според УХМР, од недела до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.