Во недела, 18 октомври, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат од 3 до 23 степени.
Слично време се очекува и до средината на следната седмица, со сончеви периоди и мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми, па ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.
Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.
Во Скопје во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
