Поради тоа, СВР Скопје воведува посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје. Протестот кој е најавен во 13.30 часот, ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата. Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.
На протестот на роднини на осудените во „Монструм“ што одржа пред четири недели дојде до нереди. При тоа приведени беа осум лица, а повредени беа седум полицајци.