Со официјална церемонија денеска во Скопје ќе биде отворена новата зграда на бугарскиот Културно-информативниот центар во земјава, јави Бугарското национално радио (БНР). За време на отворањето ќе биде отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Македонија и Бугарија.
На свеченоста, како што објави БНР, ќе присуствува директорката на Центарот, Антонија Велева, министерката за култура на Македонија, Бисера Костадиновска – Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков.
Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година.
Свеченото пуштање во употреба на новата зграда на бугарскиот КИЦ се одвива во период кога бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид изминативе неколку дена беше нападнат во два наврати. За време на последниот напад на клубот беше употребено и огнено оружје.
Нападот на клубот предизвика бура реакции од бугарските институции кои го оценија како тешко кривично дело.