Судот во Тирана го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња“, за „убиство со пречекурување на самоодбрана“ на 8 декември 2020 година.

Тој беше осуден за убиство на 25-годишниот Клаудијан Раша за време на полицискиот час во населбата „Лапрак“ во Тирана. Полицијата тогаш изјави дека Раша бегал и ги игнорирал повиците на полицијата да застане.

Хајдарај беше отпуштен од полицијата откако смртта на Раша предизвика една недела насилни протести, чии учесници ја прекршија забраната за јавни собири.

Протести доведоа до оставка на министерот за полиција, Сандер Лешај, кој оставката ја обрзложи од морални причини.

На денешното, последно рочиште Хајдарај не зборуваше но неговиот адвокат побара извинување од семејството Раша.

Таткото на убиеното момче, Ќазим Раша, изјави дека ќе се обрати на повисоките судски инстанци за да побара правда за синот кој, како што рече,откако го убила полицијата, се обидела го прикаже како криминалец.