Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова рече дека момчето било најдено обесено вчера околу 10 часот во близина на Архелошкиот локалитет Баргала, а неговата сопруга била пронајдена обесена денеска околу 9 часот во помошна просторија во селото Аргулица.
-Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и сопругата одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица. Основен јавен обвинител кој извршил увид на местата на самоубиствата работи и на утврдување на причините и мотивите за самоубиството, пишува порталот.