Несреќа во Нов Белград

Четиринаесетгодишно дете од Србија синоќа паднало во јама длабока 10 метри додека си играло со врсници во белградската населба Нов Белград. Според информациите на Нова, момчето било на земјено ритче со група другари, кога ритчето ненадејно се срушило и се отворила длабока дупка во земјата.

Итна помош и полиција на терен

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полицијата. Момчето било во свесна состојба, но со видливо тешки повреди, по што итно било пренесено во болница.

Истрагата треба да ги утврди причините

Со дијагностика било утврдено дека детето има тешки повреди на ‘рбетот, односно сериозни скршеници на пршлените. За случајот биле известени надлежната полициска управа и дежурното обвинителство. На местото бил извршен увид, а деталната полициска истрага треба да ги утврди точните околности и причините што довеле до несреќата.