Книгата се вика „Големиот наследник: Боженствено совршената судбина на брилијантниот другар Ким Џонг Уј“, а открива досега сосема непознати детали за чудниот и осамен живот на диктаторот, кој се вртел околу моќта и привилегиите, пишува Express.
Во извадокот објавен во Вашингтон Пост, детално е опишан периодот кога Ким имал шест години, а авторката разговарала и со неговите роднини кои побегнале од Северна Кореја пред скоро две децении. Шестгодишниот Ким Џонг Ун стоел покрај масата за билјард во кралската резиденција Синшон, јужно од Пјонгјанг, една од десетината згради во комплексот на палатата, резервирана само за првото семејство на Северна Кореја. Тој и неговиот постар брат, Ким Џонг Чол чекале нивниот татко да излезе од состанок со некои државници.
Биле облечени во детски униформи, маслинесто зелени костими со златни копчиња и црвени линии на ногавиците. Глумеле мали генерали. Кога нивниот татко влегол во собата, тие стоеле во став мирно и го поздравиле со војнички поздрав, со сериозен израс на своите бумбарести лица.
Ким Џонг II бил воодушевен и сакал да ги престави децата на службениците и домажниот персонал пред да влезат во соседната трпезарија. Сите се построиле за да ги запознаат неговите синови, кои ги нарекувале „мали принцеви“. Кенџи Фуџимото, кој се преселил од Јапонија во Северна Кореја за да прави суши во кралските домаќинства, бил последен во редот.
Ким Џонг Ун израснал во затворен свет каде што сѐ се вртело околу него и имало само луксуз. Во кујните имало француски колачи, димен лосос, паштета, тропско овошје, носеле специјално дизајнирана облека, од најфините ткаенини. Забите ги миеле со квалитетна паста за заби, според сеќавањата на роднините кои живееле во домот на постариот полубрат Ким Џонг Ун.
Имаше Сони телевизори, компјутери и видео ихри за да би можеле да ја ихраме Супер Марио. Во секоја куќа имаше флипери и големи клавири. Децата имаа големи игротеки исполнети со повеќе играчки од било која европска продавница за играчки. Имаше сѐ што може да замислите, но Ким Џонг Ун исто така имаше вистински автомобил и вистински пиштол: автомобил кој неговиот татко посебно го прилагоди за момчето да може да го вози уште на седум години.
Исто така имаше пиштол Colt .45 кој го носел откако наполнил 11 години. Во куќите имале звучно изолирани кина со дрвени облоги за да има подобра акустика и кадифена завеса која се креваше кога ќе се изгасеа светлата.