Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5,6 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).
