Девојчето кое останало бремено на 10-годишна возраст се породило на почетокот на овој месец, во 30-та недела од бременоста, пишува The Sun.

– Ова е најмладата мајка за која некогаш сум чул. Тежината влијае на многу хормони. Децата денес се потешки, па затоа влегуваат во пубертет дури и порано, рекла др. Керол Купер, а ја пренесува New York Post.

Бременоста го запрепастило семејството на девојчето.

– Тоа беше голем шок за сите. Сега таа има стручна помош. Главната работа е што таа и детето се добро, тврди извор кој го познава семејството.

Социјалните служби и полицијата, наводно, го испитуваат случајот, пренесуваат британските медиуми.

– Загрижувачки е што луѓето не знаеле, додал изворот.

Најмалата мајка во Велика Британија претходно била Треса Мидлтон, која имала 12. години кога се породила во 2006 година.