Заштитните мерки против ковид-19 како дезинфекција на раце, носење заштитна маска и одржувањето дистанца задолжително ќе треба да се почитуваат и за време на утрешното гласање на локалните избори.
Мерките се задолжителни и за гласачите и за членовите на општинските изборни одбори.
Протоколите предвидуваат ако гласањето се врши со пенкало, истото да се дезинфицира по употреба на секој гласач. Во однос на употребата на отпечаток од прст, пак, гласачите треба да го дезинфицираат прстот пред да го стават во уредот за отпечатоци. а уредот нема да се дезинфицира од технички аспекти.
Како друга мерка за спречување на ширењето на ковид-19 е и дезинфекција на просториите каде што ќе се гласа, што беше спроведено синоќа.
По завршувањето на гласањето, училишните простории ќе треба да бидат дезинфицирани од општините за да биде безбеден наставниот процес.