Група повозрасни граѓани со пиво, кока-кола зеро и ракиичка го одржуваат отворен штабот на политичка партија која учествува на локалните избори.

На поседенка во изборниот штаб на кандидатот предложен од партија на власт упадна новинарска екипа, која го има објавено видеото на Фејсбук. Жителите на Велес затекнати таму дури не се ни свесни дека го прекршуваат изборниот молк. Или барем така велат.

Да допиеме и ќе го затвориме штабот, господине. Од каде да знаеме дека не смее, вели еден од присутните пред камерата.