Некогашниот англиски репрезентативец и еден од рекордерите по бројот на настапи во Премиер лигата, Џејмс Милнер, на изненадување на многумина се појави на традиционалниот маратон во Њујорк и успешно ја истрча патеката.

Милнер на 40 години постигна одлично време од 3 часа, 9 минути и 4 секунди.

Милнер ја помина делницата од 42,195 километри вчера, одржувајќи просечно темпо од околу 4 минути и 29 секунди на километар. Тој учествуваше во трката во поддршка на добротворната организација што го носи неговото име.