Џулијан Шабани е именуван за заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), по повеќе од 20 години професионално искуство во областа на медиумите, телевизијата, комуникациите и менаџментот.

Шабани има изградено долга професионална кариера во неколку од најпознатите медиуми во земјата, меѓу кои TV HANA, TV ERA, ALSAT-M, МРТ, A1 Телевизија и TV21, каде извршувал функции во телевизиска режија, продукција, менаџмент и комуникации. Од своето професионално искуство, 16 години поминал на раководни позиции, управувајќи со редакции, продукциски тимови, компании и проекти во областа на медиумите и комуникациите.

Покрај долгогодишното професионално искуство, Шабани има завршено Факултет за администрација и менаџмент, а потоа и магистерски студии по Меѓународна комуникација, со што ги обединува академските знаења со долгогодишното практично искуство во медиумскиот сектор.

На јавниот конкурс за избор на заменик-директор на МРТ учествуваа осум кандидати, а програмата за работа презентирана од Џулијан Шабани беше оценета како најдобра, по што тој беше избран на оваа функција.

Покрај ангажманот во телевизијата, тој раководел со компании и проекти од областа на маркетингот, аудиовизуелната продукција и стратешките комуникации, соработувајќи со јавни институции, приватни компании и меѓународни партнери. Неговото искуство опфаќа управување со професионални тимови, развој на комуникациски стратегии и реализација на значајни медиумски проекти.

Во текот на својата кариера учествувал во организацијата и реализацијата на бројни телевизиски, уметнички и медиумски проекти, градејќи професионален профил во областа на јавниот сервис, приватните медиуми и комуникациската индустрија.

По пет години без носител на функцијата, Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) го именуваше Џулијан Шабани за заменик-директор на јавниот радиодифузен сервис. Функцијата заменик-директор беше непополнета од 2021 година, а со оваа одлука се пополнува една од најважните раководни позиции во МРТ.